Закани за обвинителка од „Детонатор“

Сведок од случајот „Детонатор“, вчера во Основниот суд во Виница ја преплашил обвинителката, јави телевизијата „Стар“.

Меѓу него и првообвинетиот во случајот „Детонатор“ избил жесток вербален дуел, по што обвинителката побарала тој да биде остранет од судницата, што предизвикало револт кај сведокот. Тој гневен и се обратил со зборовите „Ти ли ќе ми кажуваш дали да го напуштам судењето или не… Јас и ти ќе се видиме надвор“!

Обвинителката за телевизијата „Стар“ изјавила дека за настанот ги информирала сите надлежни органи.

17.10.2014 - 12:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега