Кичево: Го претепале среде бел ден

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево, 51-годишниот Џ.К. од Пласница, од страна на неколку лица бил физички нападнат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Повредениот е пренесен во Медицински центар Кичево каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.

 По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

17.10.2014 - 13:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега