„Ја соголиле половина шума“ фатени тројца дрвокрадци во Струга

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С.(23), Ш.А.(24) и Е.С.(36) сите од село Лабуништа, струшкото поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба на дрва“. Пријавените, на 11.10.2014 година кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа биле затекнати  во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи  на кои биле натоварени по 1,7 м3 нежигирано огревно буково дрво, една секира и една   моторна пила.

Заедно со нив, во нелегалниот транспорт со коњи учествувале и две малолетни лица. На местото на настанот, во присуство на шумски полицаец извршен е увид при што е утврдено дека во државна шума исечени се околу 300 стебла букови дрва.

18.10.2014 - 12:01


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега