ФОТО: Ова е Македонецот убиен во Србија

Македонецот Слободан Стојановски синоќа е избоден до смрт во населба во близина на српски Нови Сад, пишуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, било откриено во куќата. Стојановски инаку бил пекар, кој со децении имал пекарница во Бегеч.

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не било на национална основа и не е мотивирано од инцидентот по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

За  настраданиот пекар велат дека ништо не слушнале во текот на претходната ноќ, како и дека Стојановски, кој по смртта на неговата мајка живеел сам во куќата, не бил конфликтна личност, како и дека не паметат дека тој се степал со некого некогаш, пишува српски „Курир“.

 

18.10.2014 - 13:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега