Димовски: Имаме многу за корекција

Металург убедливо загуби од Кил (42:27), а најдобриот ракометар во македонскиот состав на синоќешниот натпревар Ванчо Димовски апелира да се искористи претстојната едномесечна пауза за исправање на грешките.
 
- Кил покажа докторат по ракомет. Гледачите можеа да уживаат гледајќи го нашиот противникНас ни останува многу нешта да корегираме. Безбодови сме по по четирите натпревари, но сега има пауза и ќе се подготвиме за следните дуели, рече Димовски, стрелец на шест голови во поразот од Кил.
 
Тренерот на Лино Червар нагласи дека победата на германскиот тим е сосема заслужена.
 
- Не надиграа целосно. Тешко ми е да зборувам по едно вакво издание. Се обидувавме да сториме нешто, но бевме немоќни. Игравме недоволно агресивна одбрана за нив. Потфрливме и ја разочаравме публиката. Сепак и покрај тешкиот пораз јас стојам зад мојот тим. Треба да извлечеме поука од овој пораз, истакна Червар на прес-конференцијата по мечот. 
19.10.2014 - 11:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега