Групна венчавка во Велес

Во организација на Повардарската епархија синоќа во Соборниот храм „Свети великомаченик Пантелејон“ во Велес се одржа седмата групна венчавка.
 
За венчавката се пријавиле седум брачни пара, а дошле и се венчале пет, информира свештеникот Мики Миовски, кој заедно со уште тројца свештеници од епархијата ја изврши групната венчавка.
 
- Целта на оваа венчавка е оние брачни парови кои поради низа причини пред многу години кога се земале не се венчале во црква, туку само во матично, сега  да го извршат и овој свет чин, рече Миовски, додавајќи дека Повардарската епархија тоа им го овозможува бесплатно и дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години.
19.10.2014 - 12:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега