ЦЕЦА: Синот го воспитав да се однесува кон жените како што се однесуваше Аркан кон мене

Српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ открила дека освен нејзиниот сопруг Аркан ниту еден друг маж во нејзиниот живот не оставил трага кај неа.

-„Пораснав со мојот сопруг и тој ме формираше како личност, останатите не оставија никаков печат. Сите сакаа да ме менуваат, но јас сум формирана личност. Секогаш бев за компромиси и за некој вид на попуштање, а сето тоа зависи од тоа колку сте вљубени“, изјавила Цеца во една телевизиска емисија.

Цеца изјавила дека нејзиниот 17- годишен син Вељко Ражнатовиќ, не е мамин син и дека не го воспитува да биде едиповец.

-Тој не може да не им се допаѓа на девојчињата поради тоа што го воспитав да биде вистински џентлмен, секогаш да биде нежен кон девојчињата бидејќи и тој израснал со жени. Не сакав тој да стане едиповец, туку да биде момче со манири. Го воспитав да биде вистински маж каков што беше и неговиот татко“, кажала Цеца, која во емисијата појасни дека нејзиниот син иако медиумите шпекулираат, сепак сега нема девојка.

20.10.2014 - 13:15


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега