Родители хранете се здраво - расте бројот на дебели дечиња

Голем процент од дечињата во градинките и училиштата ширум Македонија имаат зголемена телесна тежина или се дебели.

Институтот за јавно здравје со податоци и анализи се приклучува наР владината кампања за правилна исхрана и здрав начин на живот.

Кај 37,9 % дечиња на возраст од 6,8 години е увидена зголемена телесна тежина, а 18,5 % од нив се дебели.

Низ градинките годинава кај 29,4 дечиња е измерена висока телесна тежина, а дебели се 11,6 од нив.

Истражувањето направено меѓу ученици од петто одделение покажува зголемена телесна тежина кај 43,7 отсто од нив, а има 18,8 дебели петтоодделенчиња.

Со неколку измени во правилниците во градинките и училиштава ширум земјава се воведени програми за здрава исхрана, но стручните лица советуваат дека тоа не е доволно и дека здравите навики мора да се создаваат и во домот.

Пред се, велат докторите, навиките за здрава исхрана треба да ги сменат родителите, бидејќи дечињата од нив гледаат што ќе јадат.

Исто така е важно што медицинските лица советуваат на дечиња да не им се даваат додатоци на исхраната, бидејќи сите витамини и минерали децата ќе ги внесуваат преку здравата исхрана.

20.10.2014 - 13:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега