ТЛЗП: Следната недела Елена Ристеска во улога на Нина Бадриќ

Нашата претставничка во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска, по две навистина тешки имитации, и тоа на Северина и Бритни Спирс, следната недела ќе има полесна задача зошто ќе треба да испее како Нина Бадриќ.

На крајот на вечерашното шоу, и останатите учесници ги извелкуваа ликовите за следната недела, при што на Кеба му се паднаа рокерите Кис, на Тања Савиќ - Кербер, Ненад Окановиќ како Дадо Топиќ, а неговата партнерка Слаѓана Милошевиќ му се падна на Чипи.

Неда Украден во новата емисија од шоуто ќе треба да го долови гласот на прерано починатата југословенска пејачка Силвана Арменулиќ, додека Иван ќе има тешка улога да го имитира Кеба со кој заедно настапуваат во шоуто.

Во идната емисија ќе има и три странски песни кои ќе ги отпеат Јелена, Бане Моијиќевиќ и Катарина, односно на сцената на ТЛЗП ќе се појават Тејлор Свифт, Џон Траволта и Џастин Бибер.

Во секој случај уште едно одлично шоу.

20.10.2014 - 13:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега