Од среда вистинска зима - доаѓа влажен и студен бран

Значителен пад на температурите не очекуваат од среда, за кога хидрометеролозите најавуваат влажен и студен бран со пообилни врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови ќе преминуваат во снег.

Температурата во четврток ќе биде за десеттина и повеќе степени пониска во однос на претходните денови. Потоа ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со зголемена облачност попладне, а претпладне по котлините со магла.Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла, а преку денот ќе биде умерено облачно. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

20.10.2014 - 14:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега