Договор за обнова на патиштата низ Македонија

Договор за финансирање на проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со  кредит од 52 милиони евра од Светска банка ќе биде потпишан денес.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски. 

Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници.

Следната година е предвидена обнова на патните правци Бошков мост - Дебар, Ресен - Буково и  Битола - Макази. Заемот е со рок на исплата од 23 години и шест години грејс период.

21.10.2014 - 09:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега