Андов за „Катимерини“: Владата води антигрчка пропаганда

Во Македонија се ширела антигрчка пропаганда, Мицоткис бил во право кога своевремено не обвинувал за иредентизам, а македонскиот државен врв бил во делириум. Ова се само дел од ставовите што поранешниот лидер на Либералната партија, Стојан Андов, ги искажа во интервју за грчки „Катимерини“, јави МТВ.

- Кисинџер инсистираше дека Атина треба да не признае како Македонија и да започне период на блики односи. Мицотакис реплицираше дека тоа е тешко и дека климата во Грција не е поволна за вакви чекори. Тој исто така рече дека во Скопје има луѓе со иредентистички аспирации кој што сакаат да станат наследници на историјата на Античка Македонија. Сега гледам, од оваа перспектива после многу години, дека тоа што го предвиде Мицотакис, го гледаме пред нас, вели Андов во интервјуто за Катимерини.

Андов ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93- та година за промена на името и тоа почнувајќи од Уставот, во периодот кога тој беше претседател на Собранието, а премиер и шеф на држава беа Бранко Црвенковски и Киро Глигоров: - Еден ден тој ми се јави и ми побара да обезбедам парламентарно мнозинство и да ги осигурам уставниот амандман и уставната промена на нашето име од Република Македонија во Република Словенска Македонија - вели Андов додавајќи дека според Глигоров, овој предлог бил прифатлив и за грчката страна и додава дека знаел дека против предлогот ќе гласаат тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, албанскиот блок и половина влада, но и дека тоа ќе создаде хаос.

Запрашан за тоа дали постои можност за компромис сега, тој вели дека ниту една влада немало да прифати јазикот и нацијата да бидат поинакви од македонски, но дека во однос на името, за додавка и сложено име, имало простор за компромис.

21.10.2014 - 10:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега