Ракометарите на Вардар се уморни, но мора да продолжат со добрите игри

Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Вардар на денешната прес конференција рече дека играчите се исцрпени од напорните натпревари и патувања што ги имаа изминатиот период, но додаде дека Вардар мора да го задржи континуитетот на добри игри.

„Црвено-црните“ веќе утре ги очекува дуел од СЕХА лигата против српскиот претставник Раднички.

- Мора да продолжиме вака. Во оваа лига наша цел е пласманот на „фајнл-фор“. Фаворити сме на овој дуел, ама противникот може да биде незгоден. Затоа ќе треба да ги исполниме задачите, а фаворитската улога да ја потврдиме на теренот и покрај големиот умор кај играчите, изјави Гонзалес.

Ова секако ќе биде можност тренерот Раул Гонзалез да им даде шанса и на другите играчи кои имаат помала минутажа во Лигата на шампионите. Стефан Терзиќ е еден од тие ракометари.

- Раднички знае да биде незгоден ривал, често го менува начинот на одбрана. Но, се знае ние мораме да победиме, бидејќи ние сме фаворити. Уморни сме, но добро е што играме на домашен терен во оваа ситуација, потенцира Терзиќ.

Натпреварот Вардар - Раднички се игра утревечер во 20 часот и 15 минути во СЦ „Јане Сандански“.

21.10.2014 - 13:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега