Портпаролот на Нимиц ги попари медиумите на опозицијата: Нема нов предлог за името

„Амбасадорот Нимиц им нема подготвено нов предлог на инволвираните страни. Од амбасадорот Метју Нимиц нема да има никаков коментар околу шпекулациите за натамошните дискусии помеѓу нив“ – ова е краткиот и јасен одговор на Хак Фархан, портпарол во седиштето на ООН во Њујорк, еден од тројцата кои се обраќаат во име на медијаторот за Република.

Одговорот на портпаролот на Нимиц доаѓа по серијата написи дека медијаторот во Македонија доаѓа со нов предлог за името која започна од Грција а со отворени раце беше прифатена од македонските опозициски медиуми, кои не ги штедеа насловните страни за да пласираат ваква невистинита информација која според сите аналитичари носи само штета на македонските позиции во разговорите за спорот кој Грција го има со името на Република Македонија

21.10.2014 - 14:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега