Масовно труење во Штип - Инфективната клиника полна со пациенти

На инфективното одделение во штипската Клиничка болница за два дена хоспитализирани се 13 пациенти со симптоми на салмонела.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска ја потврди информацијата и информира дека од примените пациенти три се деца на возраст од шест до 11 години.

Надлежните институции засега не соопштуваат каде е изворот на салмонелата, но според првичните неофицијални информации поголемиот дел од пациентите јаделе еклери.

Симптомите предизвикани од салмонела се болки во стомакот, мачнина, повраќање и дијареа, а може заболениот да има зголемена температура, да чуствува малаксаност, жед и вртоглавици

21.10.2014 - 21:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега