Богата дама нуди богатство за редовен секс
Богата дама нуди 1,3 милиони долари на оној што ќе сака да и биде сопруг и да има редовен секс со неа.
Таа има некои барања, а основен услов е дека мажот треба да „го почитува семејниот живот”. Таа го објавила огласот во саудиското списание Рој. Жената не го открива името и годините.
Жената сака кандидатите да и пишуваат по пошта или по факс и да оставаат телефонски број, за да може таа да се поврзе со нив, ако ги одобри.
Во огласот пишува: „За мене не е важно дали мажот ќе се согласи поради парите. Најважно за мене е тој да го почитува семејниот живот и семејните обврски. Се согласувам на овој брак мисар и би му платила 5 милиони SR (1.3 милиони долари) веднаш. Тој мора да живее со мене во мојата вила и да почитува некои услови кои ќе му ги кажам лично“.
„Мисар” е брачен договор, во кој паровите живеат одвоено, но се гледаат редовно за секс. Иако Исламот не го забранува овој договор, тој не е популарен, бидејќи многумина го сметаат за вид на проституција. Во брак од таков тип жените обично немаат никакви права. 80% од овие бракови завршуваат со развод.
Жената е разведена. Таа споделила во списанието дека нејзиниот прв сопруг бил алчен и ги сакал само нејзините пари.
„Првиот пат направив погрешен избор. Сакам сега да го направам вистинскиот. Имам фикс идеја да се омажам. Фрустрирана сум”, вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа