Белград домаќин на регионална министерска конференција

Во Белград утре ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи и финансии на државите од Западен Балкан на тема Економско управување и поврзаност, соопшти МНР на Србија.

На состанокот ќе присуствуваат потпретседателот на ЕК и комесар за економски и монетарни прашања Јирки Катаинен, комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Штефан Филе, специјалниот пратеник на италијанското претседателство со ЕУ, Андреа Орицио и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ.

Се очекува усвојување заедничка изјава на крајот од состанокот, јави Танјуг. Таа средба е договорена во Берлин на 28 август на конференција за Западен Балкан, одржана на иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел.

22.10.2014 - 19:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега