Од утре почнува Саемот за „Купи куќа, купи стан“

Од утре до 28 месецов во Скопје Сити Мол за првпат ќе се одржува Саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“. На едно место граѓаните ќе можат да да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности.

Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.

„Купи куќа, купи стан“ е добра шанса, а овој настан е одличен начин да се искористи шансата.

23.10.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега