Сулејман Величествениот загрижен- никој не сака да го ангажира

Халит Ергенч, актерот кој го играше ликот на султанот Сулејман во серијата „Сулејман Величенствениот“, вели дека моментално воопшто не е задоволен од она што му се случува на професионален план.

По завршувањето на снимањето тој ја избричил брадата, а на прашањето за неговите идни проекти имал „натажен“ одговор.

- Нема да ме гледате во ниту еден проект, бидејќи никој никаде не ме викнал, се пожалил Ергенч.

Улогата на султанот, кој ја глумеше четири години, му донесе огромна популарност и богатство, но веројатно премногу го обележала, бидејќи вели дека телефонот веќе „не му ѕвони“ и не му нудат нови улоги.

24.10.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега