ФОТО: Ништо од нашата Јелена- ова е новата Бонд девојка

Француската актерка Леа Сејду дефинитивно ќе внесе врелина во новиот филм од серијалот за Џејмс Бонд.

 

Леа и официјално ја доби улогата на Бонд девојка во новиот филм за агентот007 кој ќе започне да се снима за шест недели.

 

Оваа парижанка ќе глуми рамо до рамо со Даниел Крег и Ралф Фајнс. Леа се појави во бројни француски филмови, вклучувајќи го и славниот филм кој доби и награда на Канскиот фестивал „Сина е најтоплата боја“.

 

Леа исто така глумеше во филмот „Невозможна мисија“ и „Проклетници“. Иако првичната одлука беше во филмот да глуми скандинавка, сепак режисерот се одлучи за оваа Французинка.

24.10.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега