Македонскиот кик-боксер во борба за златото откако го победи светкиот првак

Македонскиот кик-боксер Мики Ивановски (-81 килограм) во К1 дисциплината го победи италијанскиот кик-боксер Валерио Маси и со тоа обезбеди бронзен медал за Македонија на Европското првенство што се одржува во Шпанија.

Ивановски со одлична техника и физичка подготвеност доминираше над светскиот првак.

Со победата се пласира во битката за финале која ќе се игра денес против Унгарец.

Нашиот втор претставник Александар Димовски немаше среќа. По здобиената повреда на стапалото во втората рунда, мораше да го прекине натпреварот.

24.10.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега