Jанкуловска во посета на општина Свети Николе

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска беше во посета на Општина Свети Николе, каде во гимназијата „Кочо Рацин“  заедно со средношколците присуствуваше на едукативното предавање организирано од страна на полициските службеници под мотото „Спорт- Да, Дрога-Не“.

Таа посочи дека превенцијата, но и ваквите едукативни предавања придонеле младите од општина Свети Николе да имаат висока информираност за штетноста од користењето на дрога.

- Нашите службеници кои работат во делот на превенцијата настојуваат пред се да делуваат пред да настанат не сакани последици. Во поглед на состојбата по однос на сите параметри кои се под надлежност на министерството за внатрешни работи ма подрачјето на Општина Свети Николе можеме да констатираме поволна безбедносна состојба и поволна состојба во однос на криминалитетот, вели Јанкуловска.  

Таа  забележува дека зголемен е бројот на случаи на имотни деликти во земјава, но според неа стапката на ефикасност за нивно решавање од страна на полициските службеници  е голема. 

24.10.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега