И Заев во Струмица по теркот на Аеродром воведе зонско паркирање, иако претходно жестоко го напаѓаа

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев а воедно и лидер на СДСМ, денеска, со својот автомобил се паркираше на обележаните паркинг места на булеварот „Маршал Тито“ ја испрати првата СМС порака и со тоа го означи стартот на зонското паркирање во градот Струмица.  

Тој најави дека цената е 0 денари за паркирање на првото возило за луѓето кои живеат таму. Исто како Заев, но 4 години порано истиот начин на паркирање беше воведен во општината Аеродром и тоа бесплатно за граѓаните кои живеат таму.

Тогаш на СДСМ му сметаше и жестоко го критикуваа градоначалникот Ивица Коневски. СДСМ го оцени како неуспешен проект уште пред да започне да се применува. Во 2009 година, Софија Куновска од СДСМ изјави дека зонско паркирање наводно се воведува со цел да се национализира земјиштето и да се соберат дополнителни средства во општинската каса. 

Четири години подоцна, земјиштето наменето за паркинзи се уште се користи за паркирање на автомобили во Аеродром и граѓаните се задоволни од воспоставениот ред. Ново е тоа што и Заев сега го применува во својата општина и проектот воопшто не му смета.

Инаку зонското паркирање во Струмица беше актуелно и пред еден месец, кога се дискутираше за цената. Цената на паркирањето во првата „А“ зона ќе изнесува 30 денари за еден час, додека во втората жолта зона услугата ќе чини 20 денари за еден час.

Струмичани реагираа дека донесените цени се превисоки, бидејќи исто толку чини и паркирање на пример во строгиот центар на Скопје. Струмичани за еден час паркинг ќе плаќаат како да паркираат возило во Дебар маало или Капиштец.

Граѓаните на Струмица коментираат дека градот нема потреба од зонско паркирање и дека веројатно празната каса е причината поради кои се воведува зонското паркирање. Тие додаваат дека Струмица не е голем град, ниту пак туристичко место за да има зонско паркирање и дека не може паркирање во центарот на Струмица да чини колку и паркирање во центарот на Скопје.

За разлика од Струмица, во Општина Аеродром има 15 илјади возила, плус возилата кои дневно мигрираат во таа општина од другите места. 

24.10.2014 - 18:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега