Снег во Македонија: Еве каде вее во моментов

Планинските врвови и повисоките места се единствените на кои во моменто се регистрираат врнежи од снег. Интензитетот е слаб, а на места, снегот е помешан и со дожд. Слаби врнежи се регистрирани на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Сепак екипите на Македонија пат веднаш интервенираа, па забраната за тешки товарни возила на Стража и на Маврово - Дебар вечерва оклу 19 часот е уккината.
Во останатите градови низ Македонија се бележат послаби врнежи од дожд. Температурите в моментов се движат меѓу 5 и 10 степени низ Македонија. 

24.10.2014 - 23:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега