Утре отварање на втората сезона на Градската плажа „Камен мост“

Утревечер во 20 часот, официјално ќе биде отворена втората сезона на Градската плажа „Камен мост“ со онцертот на хрватскиот состав „Антенат“ кој за прв пат доаѓа во Скопје и тоа со самостоен концерт.

Од Градот Скопје најавуваат дека наскоро ќе биде објавена и целосната програма за летниот период. 

Инаку, градска плажа „Камен мост“ располага со пет урбано наместени шанкови за продажба на храна и пијалаци, една голема бина што се наоѓа над реката по средината на плажата и со 157 квадратни метри површина платформи за поставување маси и столови за потрошувачите и рекреативците.

И ова лето одбојкарското игралиште стои на располагање како и огромниот простор од 1.000 квадратни метри чиста морска песок и камчиња. 

ФОТО: Плусинфо 

најчитано сега