Поранешниот тренер на МЗТ: Ми требаат 2-3 месеци одмор од сра*ето во Скопје!

Довчерашниот тренер на МЗТ Скопје Змаго Сагадин си ја отвори душата за словенечкиот портал „Кошарка“.

Сагадин засега е без ангажман, а на прашањето дали наскоро треба да го очекуваме на клупа на некој друг клуб, тој одговори дека му се потребни 2-3 месеци да се одмори од, како што рече, сра*ето во Скопје, а потоа ќе одлучи дали ќе продолжи или ќе замине во пензија.

Сагадин воедно додаде дека за неговите идеји немало разбирање во клубот, а раководните луѓе сакале веднаш да направат голем тим кој ќе победува на секој меч.

Инаку, нов тренер на МЗТ Скопје е македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов.

Целосното интервју на Сагадин можете да го прочитате ТУКА.

25.10.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега