ФОТО: Еве зошто „Ел класико“ е најгледано дерби на планетава

Шпанското фудбалско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона во последниве неколку години прерасна во најгледаниот спортски настан на планетава.

Шпанскиот весник „Марка“ објави фотографија со која на најдобар можен начин се објаснува големината на пресметката помеѓу Реал Мадрид и Барселона и зошто поради овој дуел светот за момент ќе застане.

Имено, дел од „Ел класико“ ќе бидат 37 фудбалски репрезентативци од дури 13 земји во светот. Најбројни секако се Шпанците, па следуваат Бразилците, па Германците, Французите и Португалците, а има и двајца Хрвати.

Десетмина од нив со своите репрезентации биле светски прваци, а девет европски. Најдобрите фудбалери на своите земји играат во двата шпански клуба Реал и Барса.

Според проценките вечерашното дерби ќе го следат 500 милиони љубители на фудбалот ширум светот. Големата пресметка помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра вечерва со почеток во 18:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

25.10.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега