Со „октопод“ на голот Вардарки до првата победа во ЛШ против Турингер

Прва победа сезонава во Лигата на шампионите за македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ избраничките на Индира Кастратовиќ беа поуспешни од германски Турингер со 26:21 (12:10).
 
Најзаслужна за победата на „црвено-црните“ беше голманот Ина Суслина со 29 одбрани. Во нападот се истакнаа Андреа Пенезиќ со осум погодоци и Андреа Лекиќ која пет пати ја тресеше мрежата на Турингер.
 
Франциска Мајцнер со шест голови беше најдобрата ракометарка во германскиот состав.
 
На првиот денешен дуел од 2.коло во Б групата, Подравка – Будуќност 27:32.
 
Табела: Будуќност 4 бодови, Турингер 2, Вардар 2, Подравка 0
25.10.2014 - 21:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега