ВИДЕО: Реал го доби првто Ел Класико - еве ги сите голови

Реал Мадрид е првата екипа која сезонава и даде гол на Барселона. Голманот на каталонскиот тим Клаудио Браво капитулира, и тоа не еднаш туку трипати вечерва на дербито на колото и на шпанскиот фудбал одиграно на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид кое заврши со 3:1. Со оваа победа Реал и се приближи само на бод на водечката екипа во Примера.
 
Головите на 228. „Ел класико“ ги постигнаа Нејмар (4.минута) за Барселона, Кристијано Роналдо (35. минута од пенал), Пепе (61) и Карим Бензема (61).
 
На првиот денешен натпревар, Алмерија – Атлетик Билбао 0:1.
 
Уште три средби се играат до крајот на денот: Валенсија – Елче, Кордоба – Сосиедад и Еибар – Гранада.
 
Четири натпревари ја сочинуваат неделната програма: Малага – Рајо Ваљекано, Еспањол – Депортиво Ла Коруња, Севиља – Виљареал и Хетафе – Атлетико Мадрид.
 
Табела: Барселона 22 бода, Реал Мадрид 21, Севиља 19, Валенсија 17, Атлетико Мадрид 17, Селта Виго 16,

25.10.2014 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега