ФОТО: Македонското знаме се вееше на "Сантијаго Бернабеу"
Мечот помеѓу Реал Мадрид и Барселона е еден од најгледаните спортски настани на денешницата, дуел кој привлекува внимание во целиот свет.
Двата шпански гиганти имаат свои навивачи во целиот свет па така и во Македонија. Неколку членови на навивачката група на Реал Мадрид од Македонија „Peña Madridista de Macedonia “ беа присутни на синоќешното „Ел класико“ кое го добија „кралевите“ со 3:1.
Се разбира тие не го заборавија да го понесат и македонското знаме кое се вееше синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ на пресметката со Барселона.
26.10.2014 - 10:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа