Роналдо: Моментално Челзи е најсилен и ќе ја освои Премиер лигата

Најдобриот светски фудбалер и член на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека Манчестер јунајтед го направил вистинскиот потег со ангажманот на Анхел ди Марија, но како што вели, во Англија во моментов најсилен е Челзи.

- Премиер лигата е одлична и убеден сум дека титулата ќе ја освои Челси. Посилен е од сите, но во тамошната лига никогаш не можете да претпоставите што ќе се случува. Манчестер Јунајтед сезонава тешко дека ќе дојде до титулата, бидејќи многу заостанува зад Челси, истакна Роналдо.

Тој се осврна и на играта на Ди Марија.

- Анхел има огромно влијание врз играта на Манчестер. Видовте како игра во нападот, постигнува голови и горд сум што ми е пријател. Се слушнавме неколку пати по неговото заминување од Шпанија, изјави Роналдо.

Тој се присети на својот престој на „Олд Трафорд“ истакнувајќи дека во Манчестер поминал преубави шест години. 

- Тоа е еден од најголемите клубови на светот, а убеден сум дека и Ди Марија таму ќе стане уште подобар играч. Бев среќен во Јунајтед, а мислам дека и Ди Марија ќе биде, истакна Португалецот.

26.10.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа