Суарез оди на терапија за да го контролира нагонот за гризење

Фудбалерот Луис Суарез, кој вчера  дебитираше за Барселона во "Ел Класико", призна дека оди на терапија, со цел да го контролира нагонот за гризење.

За потсетување 27-годишиот фудбалер на Барселона на Мундијалот во Бразил го гризна италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини, поради што беше суспендиран на четири месеци.

Тој за британскиот весник “Гардијан"  призна дека навистина има голем проблем со нагонот на гризење. 

"Тоа е како импулс, како реакција која не можете да ја контролирате. Верувам дека сега сум на прав пат, и имам целосна доверба во луѓето кои ми помагаат да го пребродам овој проблем", изјави Суарез.

26.10.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа