Европски фронт: На 8 мај да се поддржи Европскиот фронт против мајоризација


Претставникот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вели дека Европскиот фронт останува најцврстата опција што го оцртува евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Османи на денешната прес-конференција потсети дека албанската партија на власт беше чувар на евроатлантскиот курс на земјата, додека ВМРО-ДПМНЕ цела деценија го блокираше патот кон членство во НАТО и ЕУ.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сојузници секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски струи, отворено се закануваат на славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници во земјата, ние сме Фронтот кој гарантира стабилност и соживот, здружување на сите заедници“, истакна Османи.

Следствено, Османи апелираше до досегашните симпатизери на опозицијата да не им веруваат на политичките понуди, кои всушност се блиски до ВМРО ДПМНЕ. Тој ги повикува сите да го поддржат Европскиот фронт на 8 мај, за да се зајакне политичката позиција на Албанците и на сите други заедници, против, како што рече, арогантната закана од мајоризација што ја упатува неодговорниот кор на ВМРО-ДПМНЕ.

„Албанските гласачи веќе немаат причина да им веруваат на оние кои изборната кампања ја почнаа со албинизам и ја завршуваат со мицкоизам! рече меѓу другото.

По резултатите од првиот круг од претседателските избори, Османи додаде дека Европскиот фронт останува единствената опција која ќе произведе владина стабилност, со над 20 пратенички мандати и која ќе може да го обезбеди Бадентеровото мнозинство, без кое ниту една влада не може да се отпори во иднина.

„Главен сојузник на Европскиот фронт се САД, со кои за време на мојот мандат како министер за надворешни работи го започнавме дијалогот за стратешко партнерство. Ова партнерство се протега на пет клучни области, за кои имаме конкретни планови и акции. Безбедноста на државата, владеењето на правото, економскиот и културниот развој, како и укинувањето на визниот режим со САД се главните точки каде што ќе го насочиме целиот наш потенцијал во следниот мандат“, потсети Османи.

Османи ја повтори заложбата на Европскиот фронт за членство на Северна Македонија во Европската Унија до 2030 година.

02.05.2024 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега