Правиме бебе, чекаме да се фати- се отвори македонската фолкерка

Пејачката Татијана Стефановска и нејзиниот сопруг Митко веќе извесен период работат на случајот да станат родители, но за жал се уште нема абер од принова, пишува Вечер.

 

Сепак, фолкерката вели дека е упорна и истрајна во желбата да стане мајка, па едвај чека тоа да се случи.

 

-Уште нема ништо. Работиме напорно, чекаме да се фати. Нормално дека сакам да се реализирам како мајка. Се чувствувам подготвена да се соочам со тој предизвик, вели Тања за Вечер.

 

Инаку, Татијана неодамна настапи на фолк фест Валандово каде ја отпеа песната „Колку сум те сакала“ и вели дека е задоволна од нејзиниот настап и наскоро планира и снимање на видеозапис за истата.

27.10.2014 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега