Жените не му приоѓаат на мојот сопруг зошто се плашат од мене- се отвори Сека Алексиќ

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ покрена вистинска бура во српските медиуми откако дозна дека една колешка од естрадата му праќала љубовни пораки на нејзиниот сопруг Вељко и му порачувала дека таа е неговата тивка сопатничка.

Но сепак и понатаму тие не кажуваат јавно за која колешка се работи.

-Јас да сакав да откријам за кој се работи, тоа ќе го напишев на својот блог. Свесна сум дека мојот сопруг е згоден и неодолив, и јас кога го видов така реагирав, но ова е прекрасна пригода да го напишам тоа на мојот блог, изјави пејачката во една емисија.

Сека истакна дека жените наводно не му приоѓаат на Вељко бидејќи знаат дека таа тренира бокс, но дополни: „Не сум јас некоја бабарога во таа смисла и мислам дека на се треба да се гледа убаво“.

27.10.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега