Објавен идентитетот на починатата сопруга - убиство или самоубиство се уште се истражува

Познат е идентитетот на сопругата на македонскиот пејач која наводно се самоуби денеска.

Таа е поранешна сопруга на еден од членовите на дуото Куку Леле, јави Сител.

Станува збор за 36 годишната Т.К. со која пејачот бил во брак повеќе од 13 години. 

Според последните информации можеби не се работи за самоубиство, туку за несреќа на работното место или нешто друго.

Жената „животот си го одзела“ скокајќи од шестиот кат во зградата во која работела.

Што точно се случило не знае никој, како ни тоа дали на трагедијата и претходел некаков проблем.

Веста  ја потврдија од МВР, од каде најавуваат повеќе детали по завршување на увидот.

27.10.2014 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега