Позната српска пејачка зарабена во поплавите во Атина

Српската  пејачка  Ана Кокиќ не можела од Атина да дојде во Белград, каде живее со сопругот Никола и ќерките, поради невремето кое во петокот го погоди главниот град на Грција. Тоа што тој ден се случувало во Грција ја потсетило на катастрофата која ја погоди Србија во мај.

Надојдената вода ги наполнила улиците, влегувала во становите, силниот ветар ги носел дрвјата, автомобилите биле превртени. Иако со нејзиниот сопруг Никола кој е ватерполист на Олимпијакос, живеат на Глифада, елитно предградие на Атина, кое не беше погодено од поплавите, градот бил под вода и било невозможно да се дојде до аеродромот. И да пристигнеле, Ана ќе останела на аеродромот, бидејќи ниту авионите не летале.

Во нашата населба нема поплави, ние сме на сигурно, изјавила пејачката.

Се што се случувало било на 25 километри од Кокиќ која се гледала преку телевизија. Потресните слики кои таа ги видела од луѓе како бегаат од водата, се фаќаат за гранките и столбовите за да се спасат многу ја потресле.

28.10.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега