ФОТО: Роби Вилијамс по вторпат стана татко

Славниот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Аида по вторпат станаа родители, овојпат на момченце.

Во текот на породувањето тој постојано бил до својата сопруга и го фотографирал и сликал целиот чин, па потоа поставувал слики и видеа на Твитер.

- Никогаш не сум толку вљубен и горделив на својата сопруга. Таа е неверојатна - изјавил Роби во краткото видео во кое тој и неговата сопруга им се заблагодаруваат на сите оние кои биле покрај нив во овој важен момент.

Аида и Роби се во брак од 2010 година, а веќе ја имаат ќерката Теодора Роуз (3).

Додека Аида ги издржувала породилните болки и мачното породување, Роби и ја пеел песната „Let it go“ од мегапопуларниот анимиран цртан филм „Frozen.

28.10.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега