Новак: Мојот син сам ќе одлучи дали ќе стане тенисер

Новак Ѓоковиќ кој на 21. октмоври стана татко на малиот Стефан, вчера не ја криеше радоста на конференцијата во Париз, пред мастерс турнирите. 

Тој ги потврди пишувањата на српскиот Курир дека во болница спиел покрај сопругата Јелена и својот наследник и откри дека чуството да се биде татко е неверојатно.

- Секој кој е татко може да ме разбер. Пред да ни се роди синчето, многумина ми говореле дека ќе виам какво е тоа чуство и дека е тешко да се опише со зборови. И беа во право. Чуството е неверојатно по неколку дена колку што поминав со сопругата и синот се присетував на сите овие месеци пред пораѓањето, низ се што поминавме јас и мојата жена. Поготово таа, секогаш се шегувам со мојата кума дека нажените треба да им се подигне споменик поради тоа што тие го поминуваат и преживуваат, и болките кои ги трпат. Јелена беше многу храбра, изјавил Ноле

Исто така го прашале дали сака неговиот саин да го наслеи и а стане тенисер, што на тоа прашање Ноле одговори:

- Не знам дали Стефан ќе игра тенис или не. Не сакам да го форсирам моето дете. За што и да одлучи јас ќе го подржувам, рекол гордиот татко.

 

 

 

 

 

 

 

 

28.10.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега