Албанците се закануваат: Со снјапери ќе ги убиеме српските фудбалери

По се што се случи на натпреварот  помеѓу Србија и Албанија во Белград, во јавноста се поставува прашањето што би можело да се случи на гостувањето на српската репрезентација во Албанија следната година, како и загриженоста за безбедноста на српските фудбалери и останатите членови од тимот кои ќе патуваат во Елбасан.

Орлите би требало во октомври 2015. година да играат против албанската селекција на гости, а бидејќи се знае дека тие не се казнети и за сега се претпоставува дека навивачи ќе бидат присутни на тој натпревар, поради што постои голем страв да не се случи некој вид одмазда за случувањата на стадионот Партизан.

Безбедностите структури во Србија му препорачуваат на Фудбалскиот сојуз на Србија да се обидат да го избегнат играњето во Албанија, бидејќи може да им биде загрозена безбедноста, а постои и опасност од терористички напади, пред се од припадниците на Исламска држава, чие дејствување на Балканот во последно време се зголеми.

Според информациите на терен, но постои никаква гаранција за безбедноста на српските фудбалери во Албанија. Во последно време се зголемува активноста на терористичката организација ИСИС во регионот и постои основана загриженост од нивни напади, соопштува информиран извор.

Она што се знае е дека доаѓањето на српските репрезентативци во Елбасан ќе предизвика доаѓање на голем број традиционално непријателски настроени навивачи од Косово и од Албанија, а меѓу нив сигурно ќе има поранешни припадници на УЧК и терористи.

28.10.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега