Македонската полиција „лови" дрвокрадци

Фатени крадци на дрва во месноста Голеш,  кавадаречко, на лице место при товарање на бесправно исечените дрва.

На дрвокрадците им биле одземени две возила во чии багажници имало по еден кубик дрва за огрев. 

 Крадците на дрва биле фатени во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од полициската станица од Кавадарци, при вршење на контрола за откривање на шумски кражби кај месноста викана Голеш кај Тиквешкото Езеро. Приведени се две лица од кавадаречкото село Возарци. Од нив се одземени два патнички автомобила во кои имало натоварено околу 2 кубни метри дрва за огрев и една моторна пила.

Полициските службеници и во иднина ќе вршат контроли со откривање на шумски кражби заради сузбивање на оваа појава.

28.10.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега