ВИДЕО: Ќерката на Миле Китиќ вистинска убавица

Елена Китиќ (17) е ќерка на фолкерот Миле Китиќ и Марта Савиќ (48), зачекори по стапките на родителите, но во друг музички жанр.

Таа се претставува без презиме, а нејзиниот ар-ен-би првенец „Better days“ се емитува на MTV.

- Ар-ен-би и хип-хоп се музички правци кои ги обожавам и кои лежат на моите уши и темперамент. Моите родители имаат долги и успешни кариери, такашто нивните совети ми се драгоцени. Знам дека ми посакуваат се најдобро, прифаќам совети, ги размислувам и потоа сама донесувам одлуки. Тргнав по својот пат, вели Елена и додава дека е сигурна во својата замисла и оти нема да ги изневери ниту родителите ниту публиката бидејќи „не верува во бајки, туку во талент и работа на себе“.

Високобуџетниот спот за својот прв сингл го снимала два дена, а во него учествувале 50 луѓе - актери, пиротехничари, костимографи, шминкери. Ученичка е во трета година во училиштето „Ardimedia“, а спотот го направила со екипа од таму.

28.10.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега