Влегле во обложувалница во Тетово и направиле хаос

 

Седум илјади евра штета и се нанесени на спортската обложувалница „Балкан бет“ лоцирана на улица „133“ во Тетово откако изминатата ноќ, во периодот од 22 до 9 часот, засега непознати сторители со употреба на тврд предмет, метална шипка или друго, извршиле оштетување во обложувалницата.

Непознати сторители, според него, го скршиле стаклото од влезната врата, а потоа оштетиле три плазма телевизори со различни димензии и два монитори, од кои едниот полуксузен и поскап, како и еден дигитален рисивер.

- Потоа тие незабележани од никого заминале причинувајќи вкупна материјална штета која, според сопственикот на објектот, 24-годишниот В.И. од Струга, се проценува на околу 7000 евра. Извршен е увид, фотодокументирани се оштетувањата, подигнати се траги за вештачење и се работи на откривање на сторителите, изјави Јосифовски. 

28.10.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега