Откирена вистинската причина поради која Хурем го напушти Величествениот

Последните информации велат дека актерката Меријем Узерли, која стана славна благодарение на ликот на султанката Хурем кој го толкуваше во серијата „Величествениот“ ја напуштила серијата бидејќи пати од депресија, но вистината зад тоа излезе на виделина.

Актерите на популарната серија буквално биле „ограбени“, а Меријем не можела тоа да го толерира.

Како што пишуваат турските медиуми, менаџерите по продажбата на серијата во арапските земји, заработиле повеќе од милион ипол долари, но одбиле да им ги платат хонорарите на главните актери

Единствено Халит Ергенч, успеал да го добије својот хонорар, но тоа било криено од останатите членови на екипата.