ВИДЕО: Преслатко- Ѓоковиќ победата му ја посвети на синот

Број еден тенисерот во светот Новак Ѓоковиќ својата победа над Филип Колшрајбер за осмина финалето на мастерсот во Париз му го посвети на синот Стефан, кој неговата сопруга Јелена го роди пред една недела.

 

Стефан те сака тато – напиша Ноле на камерата.

 

-Чувството е прекрасно и дефинитивно поинакво. Се трудам да искористам што повеќе позитивна енергија од минатата недела. Горд сум што сум татко и многу сум горд на мојата сопруга која сето тоа одлично го поднесе. Ова беше мој прв меч откако станав татко и тоа може само да ме инспирира да го играм најдобриот тенис“ – порача Новак.

29.10.2014 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега