МЗТ ќе се засилува со Американецот Дион Дискон

Дион Диксон ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, но само пробно. Доколку Американецот се покаже во вистинско светло и ги задоволи апетитите на стручниот штаб, реални се шансите да потпише договор со шампионот до крајот на сезоната. 

Диксон кој има 24 години е висок 190 сантиметри, и настапува на бековската позиција. 

Четири години беше дел од универзитетскиот тим на Синсинати Беркетс каде што одигра вкупно 137 натпревари.

По дипломирањето интернационална кариера ја стартува на Кипар во тимот на АЕК Ларнака, додека минатата сезона ја помина во либанскиот Хоменетм во првенство каде што настапуваат доста квалитетни и скапи странци (екс репрезентативецот на Македонија Џеремаја Мејси).

Добрите игри и одличниот просек од 23.9 поени заедно со 5.5 асистенции по натпревар му донесоа повеќе признанија меѓу кои и оние за играч на годината и најдобар странец во лигата.

Диксон нема да настапи на вечерашниот меч против Водњански Лисици, па неговиот деби настап во дресот на МЗТ Скопје најверојатно ќе биде против тимот на Цедевита, кој е закажан за недела од 18 часот.

29.10.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа