Жежок секс за студена ноќ

Прочитајте ги советите кои ќе ви помогнат вас и на вашиот партнер добро да се загреете и целосно да заборавите на фактот дека надвор е ладно.

  1. Нека биде вкусно

Лубрикантите со вкус се многу забавни, а особено оние кои имаат ефект на загревање. Одберете го вашиот омилен вкус и уживајте во двојно задоволство.

  1. Жешка масажа

Загрејте масло за масажа пред употреба, а потоа фрлете се на сензуална масажа. Не е толку важна техниката, колку фактот да се триете еден од друг, да е лизгаво, топло и тотално секси.

  1. Уште пожежок восок

Не морате да сте обожавател на садо-мазо секс за да уживате во ова, бидејќи малку пожешка иновација никогаш не е на одмет. Кога жешкиот восок ќе дојде во допир со кожата, ќе ве полазат слатки морници, но важно е сепак да бидете претпазливи. Капнете мала количина восок и тоа од висина барем на половина метар, за восокот малку да се олади пред да стигне до кожата.

  1. Сензуална купка

Направете купка со етерично масло и многу сапуница. Сместете се зад него и нежно масирајте му ја главата. Сексот во кадата може да биде незгоден, а тука секогаш постои опасноста од инфекција. Сепак заедничкото капење може да биде одлична предигра и вовед во маратонот кој следува во топлата спална соба

  1. Орален секс под туш

Пуштете жешката вода да се лизга по вас, искапете се од глава до петици, а потоа пружете му орално задоволство. По тоа вие сте на ред.

  1. Мокро и лизгаво

Проблемот со водење љубов под тушот е во тоа што водата ја впива вашата природна влажност, па затоа во овој случај е добро да користите лубрикант, и тоа оној на база на силикон.

  1. Секси тренинг

Загрејте ги мускулите во спалната соба, така што ќе се потрудите малку повеќе, а бенефитите се двојни, силен оргазам и силни мускули. Во позата „жената горе“, наместо да се потпрете на коленото како обично, сместете ги стопалата од двете страни на неговите колкови и потоа поместувајте се горе-долу. Ќе си го сакате затегнатиот задник и бутини.

  1. Останете облечени

Ако е премногу ладно за да се соблечете, оставете дел од облеката на себе, бидејќи и тоа има предност. Допирот на чипката од вашата долна облека на клиторисот дава посебно чувство, а ќе ви се допадне и неговата рака на вашите гради под маичката, сето тоа ќе изгледа како да се брзате и да е забрането, што додава страст и задоволство.

Извор: вистина.мк

29.10.2014 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега