Коларов: Ако го потцениме Јунајтед ќе изгубиме

Српскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Александар Коларов, изјави дека неговите соиграчи мораат сериозно да му пристапат на натпревар против градскиот ривал  Јунајтед во претстојното дерби на Премиер Лигата.

- Ако не ги почитуваш противниците, ќе те победат. Тие сменија голем број играчи и евидентно е дека од натпревар во натпревар играат се подобро. Сметам дека можат да имаат добра сезона. Ван Гал е искусен менаџер, донесе добри играчи и се очекува да обезбеди максимум на овој натпревар, вели фудбалерот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ во моментов се на 3.место на табелата во Премиер лигата со 17 бодови, шест бода помалку од лидерот Челзи. Јунајтед е осми со 13 бодови.

Дерби натпревар од 10. круг на Премиер Лигата помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се игра в недела од 14 часот и 30 минути на „Етихад“.

29.10.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа