Ракометарите рутинирано до првата победа против Швајцарија

Машката македонска ракометна репрезентација со победа против Швајцарија ги почна квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2016 година во Полска.

На средбата одиграна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, македонските ракометари ја совладаа Швајцарија со 27:20 (полувреме 12:8).

Капитенот Кирил Лазаров со 13 постигнати голови беше најефикасен кај црвено-жолтите, а втор стрелец беше Дејан Манасков кој придодаде 4 гола.

Ова беше натпревар од шестата квалификациска група, во која утре ќе играат актуелниот европски и олимписки шампион Франција и репрезентацијата на Чешка. Токму чешка е следниот противник на избраниците на селекторот Обрван и тоа веќе во недела (2 ноември од 13 часот и 30 минути).

„Триколорите“ и нашата репрезентација ја имаат улогата на фаворити во оваа група, за освојување на првите две позиции, кои носат настап на Европскиот шампионат во Полска 2016 година

29.10.2014 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа