Ќе удрам јако по сите, никој нема да биде поштеден- се закани Боки13

Македонскиот шоумен Боки 13 кој периодов живее во Србија го најавува своето големо прво стенд ап шоу, кое ќе го одржи во Универзалната сала во Скопје. Станува збор за неколкучасовен спектакл кој ќе го носи името "Путине, здраво", а во него ќе се најдат речиси сите актуелни имиња од светот на шоубизнисот по кои Боки планира јако да удри.

-Ќе ги удрам апсолутно сите, и тоа јако. Никого нема да поштедам", ни открива Боки.

Инаку, ова не е негов прв обид во улога на стенд ап комичар. Тој на хуманитарниот концерт кој го организираше пред извесен период за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина настапи со неколку точки, кои наидоа на поздрави и аплаузи од публиката.

-Не ми е прв пат да застанам на бина и да изведувам вакво нешто. Не знам дали се сеќавате, но на хуманитарниот концерт што го организирав имав свое стенд ап шоу, кое помина одлично. После тоа сите ми зборуваа дека треба да почнам да се занимавам со вакво нешто. И мене лично ми се допаѓа ваквиот начин на анимирање гости. Затоа и решив да ја наполнам Универзалната сала и сите да ги насмеам до солзи изјавил Јовановски.

Во рамките на шоуто ќе има и специјална гостинка која ќе допатува од Србија. Датумот за одржување се уште не е потврден, а влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба.

31.10.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега